Македонската ракометна репрезентација се екипира, а за недела ќе се комплетира и ќе може да ги започне финалните подготовки за престојниот континентален собир во Хрватска од 12 до 28 јануари следната година.
На четирите репрезентативци Стоилов, Ојлески, Крстески и Попоски кои официјално ги започнаа подготовките им се приклучија сите кои завршија со клупските обврски и моментално помошникот на Раул Гонзалез, Парондо има 13 ракометари на располагање. Финалните подготовки ќе започнат на почетокот од следната недела кога ќе пристигне шпанскиот стручњак и останатите ракометари.
Македонија на ЕП во Хрватска ќе се сретне со Словенија, Црна Гора и Германија. „Црвено жолтите“ натпреварите ќе ги играат во загрепската „Арена“ и се очекува да имаат голема поддршка од трибините.
OhridNews