Успешната приказна на OhridNews и стендап комичарот Никола Тодороски, оваа сабота ќе има второ продолжение. Шоуто на годината кое до врв ја наполни големата сала на Центарот на култура минатата сабота, ќе има второ продолжение на 24-ти ноември во 20 часот во Центарот за култура Григор Прличев.
Никола Тодороски пред охридската публика екслузивно во живо уште само еднаш ќе го изведе новиот материјал специјално подготвен за третата сезона на популарната веб комедија „Идиотека“, која наскоро ќе се емитува на OhridNews.
Билетите за стендап шоуто на Никола Тодороски во големата сала на Центарот за култура на 24-ти ноември од 20 часот, во продажба ќе бидат од утре, четврток, во тобако „Фибос“ – трафичено сред чаршија, и во Центарот за култура по цена од само 150 денари.
Инаку, Никола Тодороски, минатата саботата во Центарот за култура имаше незаборавно стенд ап шоу, а два дена подоцна охридскиот актер ја наполни Универзалната сала во Скопје.
Репризата на шоуто на годината во Охрид ќе се одржи на 24-ти ноември во Центарот за култура во 20 часот.