– Почитувани соседи. Раководството на Република Вевчани на денешната вонредна седница расправаше во врска со последните настани и реакции за содржината на Вевчнскиот карневал и донесе одлука дека е подготвена веднаш на највисоко ниво да отпочне разговори со вашата земја со цел да се разрешат взаемните недоразбирања, се вели вописмото, во кое се нагласува дека Вевчани е дополнително подготвен да посредува како трета страна во решавањето на проблемот кој Грција го има со Република Македонија.
Во писмото се потенцира дека сето ова е можно само доколку Грција се обврзе и даде цврсти гаранции дека на следниот самит на НАТО нема да го блокира приемот на Република Македонија во Алијансата, а доколку Грција се согласи, во блиска иднина ќе го поканат и господинот Нимиц да ја посети Република Вевчани и заеднички да се разгледаат понатамошните чекори за излез од настанатата криза.
– Република Вевчани јавно изјавува дека нема никакви територијални претензии кон Грција и е подготвена да го смени Уставот и знамето, како и да се откаже од своите малцинства кај соседите. Меѓутоа, за разлика од Р. Македонија која го направи истото пред 20 години, ние сепак бараме за возврат барем нешто, а не како Република Македонија која од договорот со вас доби само попусти за летување во грчките места за одредени политичари и златни часовници и анфори исто така за поранешни функционери, се вели во писмото на Република Вевчани.