Проблемот со водоснабдувањето во селото Горенци што се провлекуваше неколку години е решен, изјави градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

– Не само селото Горенци, туку и другите населени места што се снабдуваа со вода за пиење од пумпната станица во Св.Еразмо имаа проблеми. Имаше дефект кој траеше неколку денови и сега во моментов немаме повеќе проблем. Тие села имаа сопствени извори на вода, меѓутоа како што со самиот процес на растење и зголемување на бројот на жители во населените места, растеше и потребата од вода па така мораше селата да бидат приклучени на регионален водовод, изјави градоначалникот Трајкоски.

OhridNews