Експертите се убедени дека конечно откриле што точно се случило со изчезнатиот авион на Малезија еарлајнс на летот “MH370”, пренесуваат светските агенции.

Овој случај е обвиткан во мистерија од март 2014, откако авионот од типот „Боинг 777“ со 239 патници кој леташе од Куала Лумпур до Пекинг, исчезна од радарите и не беше најден на рутата по која требало да лета. Деловите од авионот никогаш не беа најдени, освен неколку остатоци во близина на Австралија.

Истражителите кои работат на случајот велат дека конечно ја откриле мистеријата, посочувајќи дека имаат сериозни индиции оти се работи за самоубиство кое го планирал капетанот на авионот Захарие Ахмад Шах. Според истражителите тој намерно избрал изолиран дел од рутата за авионот да исчезне и намерно го избегнал радарот за време на последните моменти од летот.

OhridNews