На една рунда пред крајот на 19. сезона во македонската фудбалска лига, нема непознати. Новиот првак Шкендија првиот меч како шампион го заврши без победа 1-1 против соседот Ренова.

Пред седум илјади гледачи во Тетово, “црвено-црните“ поведоа со голот на Сали, а конечните 1-1 на стартот на вториот дел ги постави Јанчевски.

Генералната проба меѓу Металруг и Тетекс во првенството, пред финалето во купот заврши 1-1. Скопјани имаа еден час играч повеќе но не успеаа да го скршат отпорот на “штофарите“ кои со овај бод го осигруаа прволигачкиот статус и наредната сезона. Урошевиќ го отвори резултатот, Додевски ги “затвори“.

Турново го победи Силекс со 2-0, во меч во кој во двете полувремиња по еднаш погоди Чурлинов, додека во дуелот на “отпишаните“ Пелистер минимално го совлада Вардар со 1-0 со голот на Талевски уште во 2 минута.

Напредок на неутален терен во Кавадарци претпре пораз од Скопје со 3-1, со што прволигашката виза ќе ја бара преку баражот.

Најубедлвата победа ја забележа Работнички кој се истури врз Брегалница победувајќи со 7-0. Хет трик на Маневски, два пати погоди Велкоски, додека по еднаш Петровиќ и Петровски.

Резултати : Ренова – Шкендија 1-1, Металург – Тетекс 1-1, Пелистер – Вардар 1-0, Турново – Силекс 2-0, Напредок – Скопје 1-3, Работнички – Брегалница 7-0.

Табела :

место екипа одиграни П Н И голови бодови
1 (1) ШКЕ Шкeндијa

32 21 8 3 63:21 71
2 (2) МЕТ Металург

32 17 9 6 46:22 60
3 (3) РЕН Ренова

32 16 9 7 50:30 57
4 (4) РАБ Рaботнички

32 15 10 7 53:29 55
5 (5) СИЛ Силекс

32 12 8 12 37:38 44
6 (8) ХОР Хоризонт Турново

32 12 6 14 33:34 42
7 (7) ТЕТ Тетекс

32 11 8 13 32:35 41
8 (6) БРЕ Брегалница 2008

32 12 5 15 32:45 41
9 (10) СКО Скoпje

32 9 10 13 35:37 37
10 (9) НАП Нaпредок

32 10 7 15 30:47 37
11 (11) ВАР Вардар

32 8 5 19 23:44 26
12 (12) ПЕЛ Пелистер

32 5 3 24 24:76 18