
Целта на овој настан е да ги запознае граѓаните и претставниците на општинските институции, медиумите, стопанските субјекти и невладиниот сектор со можностите што ги нуди медијацијата како начин за мирно решавање на споровите.
Настанот се одржува во рамките на МАТРА проектот “Поддршка за подобрување на спроведувањето на медијацијата во Македонија” поддржан од Кралството Холандија, а го реализира Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје во соработка со Министерството за правда.












