Започна реставрација и ревитализација на црковниот храм посветен на Св. преп. мач. Параскева-Петка во Велгошти, охридско. Се работи за еден од највпечатливите духовни храмови на овие простори, за кој црквата и народот внимателно се грижат од памтивек.

Поради економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид 19, Црковното настојателство при Велгошката парохија се соочува со финансиски проблеми во реализацијата на преземените активности околу црквата Св. Петка во Велгошти. Оттаму и апелот до сите добронамерници, за поддршка на ова благодетно дело.

Во ова време, кога сме соочени со тековните неприлики и последиците од истите, Со Божја помош и по застапништвото на Св. преп. мач. Параскева-Петка, започнува со целосна реставрација и ревитализација на црковниот храм во истоимениот манастир во с.Велгошти. Поради таа причина, Ве замолуваме, доколку сте во можност, кој колку може, финансиски да го поткрепи ова Богоугодно дело. За таа цел ви ја доставуваме следната сметка на која може да ги уплатите Вашите доброволни прилози:530-0003022803-60 Охридска Банка АД филијала Охрид. – стои во апелот на Црковното настојателство при Велгошката парохија.

OhridNews