
Доста брендови продаваат се што е можно за и во Охрид. На пример worldticketcenter, zoover, travelmap, d-reizen, travel-tourist, booking.com и десетина други македонски, холандски и странски агенции. Секој еден може да види за секунда голем, различен избор и да си резервира за 5 минути соба или хотел во Охрид и Струга. Охрид не може повеќе да се прескокне како дестинација во туристичката интернет џунгла каде што има квалитетни, добри, лоши и безброј несигурни туристички фирми и угостители.
Стари пријатели
Холандија и Македонија се стари пријатели. Како oдалечени дечко и девојка со силни интимни чувства. Поранешните гости (љубители на стариот заборавен писател А. Ден Долард и неговиот споменик покрај езеро) и сегашниве нови млади портокалови генерации (кои немаат никаква врска со Ден Долард) ја ставија Македонија полека во нивните срца. Но, со холандска инвазија од 8000 до 12000 гости не треба да се заклучи директно дека сега се е средено, готово и супер. Баш сега се почнува. За дефинитивен вечен брак.
Симоне Филипини (Холандската амбасадорка во Македонија), и претседателот на ХОТАМ (Хотелска Асоција на Македонија), Дончо Танески оваа недела добро и реално изјавија дека клучот за добар бизнис е квалитет, затоа што ќе уследат позитивни и негативни критики во јавноста, на интернет, по социјалните форуми. Оттаму мошне е значајно да се има почит кон гостите, нормални цени, убава храна, хигиена, мир, сигурност, гостопримливост и добра услуга, а сето тоа е во рацете на самите Македонци. Голем дел од народот и тие што работат во туризмот треба да чувствуваат одговорност за да се добие добра оценка и повторно Холанѓаните да се вратат задоволни на охридската ривиера. На големиот светски туристички пазар има голема борба за секој турист и неговите пари.
Заборавена дестинација
До 1990 година Охрид беше топ дестинација за многу Холанѓани. Преку „Hotelplan“, „Club Escolette“, Yugotours“ имаше летови со „ЈАТ“, „Air Holland“ и други авиокомпании. Од 1991 година Охрид остана скриена, заборавена нерекламирана дестинација. Во деведесеттите во Холандија долго време народот мислеше дека војната во поранешна Југославија создава нестабилност и го загрозува целиот Балкан.
Во тој период и немаше едноставно лесен начин да дојдеш директно до Охрид. Само со многу кружење низ Европа. Со „Adria Airways“, „Malev“, „Austrian“, „Lufthanza“ и други, со преместување по градови како Виена, Милано, Будимпешта, Софија, Загреб, Љубљана, Белград, Солун, Цирих, Прага можеше од Амстердам да се патува само индиректно до Скопје и понекогаш сезонски до Охрид. Со „Палер“, „МАТ“ имаше и повремено директни летови до Охрид. Секој си гледа која компанија има квалитетно однесување и респект кон патници и исплатлива и реална понуда.
Автентичен амбиент
Последниве месеци од различни луѓе добив вакво прашање: „видов реклама за Охрид, кажи вреди да одиме таму ова лето?“ Мој одговор во јавноста, а и приватно е: „Постојано ве советував да одите во Охрид ама вас не ви се слушаше. Сега кога веќе ви е здосадено да одите повторно во Турција, Грција, Шпанија, Франција, Флорида, Мексико или Бразил, одете без да се мислите што побрзо во Македонија. Таму ќе се запознаете со народ со енергија, вистински, автентичен амбиент. Држава со корени и историја, туристички места, и неоткриени градови и села кои не се расипани со големи комерцијални all-inclusive центри. Нема мега туриситички безвезни лудила туку држава која е природна, едноставна, вистинска, прекрасна, како вреден неизбрусен диjамант и многу евтина за вас ЕУ-жители.“ И ова ми остана во глава. Реклама на интернет од еден охридски хотел: „кај нас влегуваш како гостин, турист. А излегуваш и си одиш дома како наш нов пријател.“ Нека биде ова точка на се, за успех и среќа за охридскиот туризам во следниве децении.
новинар на Холандската наационална телевизија „NOS“











