Во вторник и среда ќе се одиграат реванш натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони.


Македонскиот првак Вардар, својот натпревар со БАТЕ Борисов ќе го одигра
во среда, во вторник најмногу неизвесност се очекува на пресметките
Динамо Загреб-Лудогорец, Шахтјор Караганди-Слован Либерец, односно
Хапоел-Жилина.

Вкупно во вторник ќе се одиграат 12 реванш средби од второто коло во ЛШ.

Комплетни двојки:
Шахтјор Караганди-Слован Либерец (прв натпревар 0:1)
Вентспилс-Молде (0:3)
Салцбург-Диделенж (0:1)
Хапоел Киријат-Жилина (0:1)
Екранас-Шамрок Роверс (0:0)
Шериф-Улисес (1:0)
Застефони-Нефчи (0:3)
Базел-Флора Талин (2:0)
Дебрецин-Скендербег (0:1)
Партизан-Валета (4:1)
Железничар-Марибор (1:4)
Рејкјавик-Хелсинки (0:7).