Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа нова победа во Премиер лигата совладувајќи го составот на Бурнмаут со 5-2 (3-1). Дуелот од Олд Трафорд изобилуваше со убави голови. Лепезата погодоци ја отвори гостинскиот состав кој поведе со 1-0, но домаќините жестоко возвратија за нов и убедлив триумф.

Прва победа од рестартот на сезоната оствари Лестер. „Лисиците“ на домашен терен со 2-0 го совладаа Кристал Палас и оддолеаја на притисокот од Манчестер Јунајтед. Значајни три бодови во трката за опстанок во премилигашкото друштво освои Брајтон кој со минимални 1-0 го совлада Норвич.

OhridNews