Од 16 до 19 октомври, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во соработка со амбасадата на Италија во република Македонија ќе се одржи  ревија на италјански филмови.

Ревијата ќе ја отвори драмата Копно на Emanuele Crialese. Проекцијата ќе започне во 20 часот. На 17- ти октомври ќе се прикажува комедијата Италијанци на Giovanni Veronesi. На 18- ти, во 18 часот, е проекцијата  на Белиот простор, драма од Francesca Comencini и во 20 часот драмата Спокоен хаос во режија на Antonello Grimaldi.

На 19- ти октомври ќе се прикажуваат филмовите Темпирани бомби, комедија со почеток во 18 часот и во 20 часот филмот I Vicere.

Влезот за прокециите е слободен.

OhridNews