Од Центарот за култура “Григор Прличев” најавуваат Ревија на Шпански филмови која ќе започне на 18- ти октомври и ќе трае девет дена.

На кино репертоарот предвидено е да се прикажат седум филмови од најновата шпанска филмска продукција.

Љубителите на филмската уметност ќе може да ги проследат филмовите: “Војниците од Саламина”, “Работи што не сум ти ги кажала”, ” Недопрено”,” Мартин”, документарниот филм “Чудото од Кандеал”,” Песот на градинарот” и “Еден франк, 14 пезети”.

Влезот за проекциите е слободен.

OhridNews