Во хотелот Милениум, во тек е работилница на тема „Ревизија на Стратешкиот план на АДКОМ и изработка на нов Акционен план на АДКОМ“, на која учествуваат директори на јавните комунални претпријатија од Македонија. Зоран Горгиев, претседателот на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), во своето поздравното обраќање пред членовите на Управниот и Надзорниот Одбор накратко посочи на значењето на придонесот на секој од присутните во процесот на изработка на стратешките документи преку свои размислувања и предлози за улогата и идините активности на асоцијацијата.
Извршниот Директор на АДКОМ, Лолита Стојановска ги информираше учесниците за досегашната реализација на стратешките документи и посочи дека работилница е во функција да се направи преглед на структурата и содржината на постоечките стратешки и акционен план на АДКОМ и да се добијат насоки за ревидирање на стратешкиот план и изработка на нов акционен план за периодот 2018-2020.
Главен предавач и модератор на оваа работилница е Јане Вртески, ЦМЦ сертифициран менаџмент консултант.
Дводневната работилницата беше организирана во два дела, од кои во првиот на три сесии учесниците активно работеа на мисијата, визијата и принципите на АДКОМ, стратешката мапа по области, како и идентификација на соодветни приоритети на АДКОМ. Беше направена и идентификација на мерки за постигнување на целните вредности на показателите за секој приоритет.
На втората сесија учесниците преку панел дискусија ги искажаа своите видувања, предлози и сугестии во врска со улогата на АДКОМ во решавање на клучните предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија.
OhridNews















