Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба на дрзок начин“  Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 43- годишен стружанец.

Настанот се случил на 28- ми јануари, околу 10.30 часот, откако од страна на вработените во спортската кладилница на пријавениот му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен. Изреволтирано поради тоа, лицето се упатило кај директорот на кладилницата кој, по извршената проверка му соопштил дека се работи за недобитен тикет.

Тогаш, пријавениот ја забележал касата, од каде мошне брзо успеал да одземе 40.000 денари и да избега од местото. По кратко време,  полициските службеници кај него пронашле и со потврда му одзеле 39.000 денари.

По дополнително извршените проверки, констатирано е дека спортскиот тикет бил со недобитна комбинација.

OhridNews