Креативен хумор инспириран од секојдневни и актуелни теми, имаше можност да слушне публиката која вчеравечер го проследи стендап шоуто „Revolution“ на најдобриот стендап комичар во Македонија, Никола Тодороски.
Со својот препознатлив и уникатен стил, Тодороски уште еднаш успеа да биде магнет за вниманието на публиката, која со бурни аплаузи ги наградуваше најсмешните делови од најновиот стандап материјал.
Ова е второ стендап шоу на Никола Тодоровски за оваа година. Во текот на летниот период тој имаше неколку настапи со стендап материјалот „Делириум“ кој привлече голем интерес кај охридската публика. Инаку Тодороски во текот на изминатиот период имаше свои успешни настапи и во Лондон, Амстердам и Софија.
OhridNews