Францускиот режисер Жак Дојон вечерва, во рамки свеченот затварање на Францускиот филмски фестивал,  ќе ја добие наградата за животно дело, која секоја година во рамки на фестивалската програма се доделува во Охрид.

Зборувајќи за своето филмско творештво, лауреатот Дојон рече дека е еден од десетиците режисери во Франција кои се уште се обидуваат во своите дела лично да учествуваат во создавањето на филмот наместо да работат филмски адаптации.


– Кинематографијата спаѓа во индустријата на забава, но тоа не значи дека не може да се снимат малку поинакви филмови. Може да се снимат и нискобуџетни филмови што се добри, квалитетни и интересни за публиката. Жал ми е што на повеќето мои колеги не им се дава простор за внесување индивидуален печат во тоа што го работат,рече Дојон во Охрид.


Фестивалот ќе го затвори  неговото филмско остварување „Никаквица“ чија проекција ќе започне вечерва во 20 часот во Центарот на култура ,,Григор Прличев” во Охрид.

Освен на Дојон, ќе бидат доделени награди за најдобрите учесници на Фестивалот за кои одлучи тричлено жири предводено од македонскиот режисер Антонио Митриќески.

OhridNews