Резиденцијата на митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, засега останува во вилата Лепа на Плаошник, за која се води постапка за денационализација. Објектот го бараат наследниците на семејството што некогаш го поседувало овој атрактивен имот.

-Резоденцијата си останува засега таму каде што е. Тоа не е во моја надлежност, туку во рацете на државата. Како што јас барам свое, така имаат право да бараат и други, но јас ниту сум зел некому нешто, ниту можам да му вратам, изјави за OhridNews владиката Тимотеј.

Владиката Дебарско-кичевски појасни дека во новите простории на епархијата кои се сместени во реконструираната зграда на поранешниот музеј на словенската писменост не е предвидено сместување, односно тоа ќе биде административен центар на митрополијата.

Г.М.