Согласно објавениот Јавен повик за еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на Општина Охрид, објавени се добитниците на финансиската помош. Повеќе информации на линкот.
Во претходно објавениот Јавен повик беше наведено дека Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на Општина Охрид.
Средствата, според повикот, се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.
OhridNews