Со четирите мечеви кои синоќа се одиграа на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2017“ започна третата рунда во групната фаза. Во третото коло целосно треба да се одмота клопчето и да се промовираат патниците во нокаут фазата на турнирот.
Резултати:
Интетик – Експрес Димакс 0-0
Мебо 2012 – Бате Жиле 3-2
Екстра Скопско – Хотел Ресторан Арбери Струга 7-1
Кармен Бау Центар – Мистер И 0-3
Двојки:
20:00ч Кадмо – Лтх Леарница
21:00ч Диба Трејд – Менувачница Божилак
22:00ч Слајс – Ајдиноски Инженеринг
23:00ч Жито Леб – Еуро Стил
OhridNews