Македонската сениорска карате репрезентација и во вториот ден од мундијалот во Франција забележаа резултати далеку од нивните очекувања.


Најмладата преставничка на Македонија, Симона Заборска во категорија до (61кг) изгуби од руската каратистка Степанова со одлука на судијата. Пораз во првото коло претрпе најдобрата македонска каратистка Наташа Илиевска од Конел со резултат 3-1. 

Во категоријата до 50 кг. Сара Радичевска го помина првото коло победувајќи ја Сукер од Јужна Африка со 2-1. Неприминлива пречка за Радичевска во втората рунда беше Американката Вулв, која победи со одлука на судијата.

Во машка конкунреција до (60кг) првото коло го мина Филип Ѓурчиновски совладувајќи го репрезентативецот на Сингапур, Тонг со убедливи 5-0. Во втората рунда Ѓурчиновски претрпе пораз од Кореецот Ли со 3-0.


Најзабележителен настап на денешната програма од Светското првенство имаше Дејан Црничиќ, кој успеа да помине три борби. Во првата беше слободен, втората борба со Чилеанецот, Костер му припадна со мининимални 1-0. Во третата борба Црничиќ ја демонстрираше својата сила победувајќи 5-0 против Белгискиот каратист, Костер. 

Во четвртата борба македонскиот репрезентативец наиде на тврд орев во името на Французинот Роле, кој славеше со високи 5-0.

Мх.П.