Семејството на исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска, ги добило резултатите од ДНК анализата.

Но ниту семејството, ниту Министерството за внатрешни работи официјално не потврдуваат дека пронајденото тело кај грчкиот остров Карпатос, е тоа на Дениса.

22 годишната девојка, на 23 септември исчезна од бродот Серенисима во близина на Крит. Потрагата по неа траеше неколку недели, а телото беше пронајдено пред помалку од еден месец, во близина на островот Карпатос.

OhridNews