Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и организаторот Еурофарм Работник ги објавија термините и сатниците за завршницата на 25-от ракометен Куп на Македонија кој викендов ќе се одигра во спортската сала „Младост“ во Битола.
По втор пат дел од одбраното друштво ќе биде ракометниот клуб Охрид кој против домаќинот Еурофарм Работник в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути ќе го отвори фајнл фор турнирот во Купот на Македонија. Вториот финалист ќе го даде градската пресметка помеѓу Вардар и Металург која е закажана во 20 часот и 30 минути.
Финалниот натпревар се игра в недела со почеток во 16 часот и 30 минути. Трите мечеви од завршницата во Купот на Македонија ќе бидат директно пренесувани на Телма телевизија.
OhridNews