Ракометарите на Драчево, Велимир Настевски и Илија Грозданов како и клубот заработија драстични казни од Ракометната федерација на Македонија за нападот на официјалните лица по мечот со Охрид.


Настевски и Грозданов бесот по високиот пораз (34-25) од Охрид 2011 на домашен терен го истурија врз судиската двојка Гилгор и Спаско Ќаев. Дисциплинската комисија изрече драстични казни кои ви ги пренесуваме во целост :

1.  Поради физички напад на службените лица (судии) после натпреварот а согласно член 29 од ДП на РФМ, играчот на РК Драчево, Велимир Настевски лиц. 01 се казнува со 24 (дваесет и четири) месеци забрана играње и вршење на сите функции во ракометниот спорт. Казната важи од 08.04.2013 до 07.04.2015 год.

2.   Поради физички напад на службените лица (судии) после натпреварот а согласно член 29 од ДП на РФМ, играчот на РК Драчево, Илија Грозданов лиц. 234 се казнува со 18 (осумнаесет) месеци забрана играње и вршење на сите функции во ракометниот спорт. Казната важи од 08.04.2013 до 07.10.2014 год.

3.  Согласно член 34 од ДП на РФМ и член 21 од Пропозициите, РК Драчево се казнува со парична казна во износ од 15.000,00 (петнаесет илјади) денари и 3 (три) натпревари играње без присуство на гледачи на домашен терен. Казната важи за наредните 3 (три) натпревари како домакин.

За охридските “гладијатори“ победа над Драчево беше четвртата во серија, и тоа втора во низа на гостински терен.

Мх.П.