Ракометната федерација на Македонија на седницата од Управниот одбор донесе одлука за намалување на котизацијата во Супер лигата и укинување во Првата лига.

– Логиката е дека треба да работиме на омасовување на спортот, и знаеме дека клубовите имаат проблеми, особено оние што не се во супер лигата. Ова не е голема сума вкупно, и можеме да ја обезбедиме од друга страна, а само ги оптеретуваат клубови, и затоа сакаме да им помогнеме на клубовите – истакна Живко Мукаетов претседателот на РФМ.
Со овој потег куќата на ракометот им помогна на клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига, а им ги намали трошоците на екипите кои се дел од Супер лигата.
Мх.П.










