Македонската ракометна репрезентација без капитенот Кирил Лазаров ќе и се спротистави на Русија во контролниот меч кој ќе се одигра во рамките од ЕХФ неделата.

Десниот бек ќе ги мине подготовките со репрезентативците, но нема да игра натпревар, откако Ракометната федерација на Македонија (РФМ) позитивно одговори за молбата од Нант за поштедување на Лазаров.

Нашиот најдобар ракометар неодамна се врати на теренот. Тој паузираше поради повредата на мускулот која ја „заработи“ на Европското првенство во Хрватска.

Македонија и Русија ќе одиграат зад затворени врати контролен меч, а денеска стигна информацијата дека најдобрите селекции во машка и женска конкуренција ќе бидат дел од Медитеранските игри кои ќе се одржат во Шпанија на крајот од месец јуни.

OhridNews