На свеченост што се одржа викендов во Скопје, Ракометната федерација на Македонија ги додели наградите на најдобрите во македонскиот ракомет во минатата натпреварувачка сезона. За најдопбар ракометар прогласен е играчот на актуелчниот првак Е. Пелистер Филип Кузмановски, а за најдобра во женска конкуѕренција прогласена беше Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров.
Според гласовите на публиката на оифицијалната страница на РФМ на Фејсбук, признанијата во двете категории го понесоа Никола Митрески и Теодора Гукицоска.
За најдовар тренер избран е Кирил Лазаров. Награда за особен придонес во ракометот постхумно му беше доделена на поранешниот селектор Илија Темелковски.
Марија Јанкуловска и Димитар Узунчев се прогласени за најдобри млади ракометари во земјата, а Дмитро Горига за најдобар странски играч во македонското првенство.
Г.М.
Фото: РФМ/Фејсбук












