Ракометната федерација на Македонија си парична награда од 40 000 евра ги мотивира ракометарите за престојниот бараж двомеч со Романија за пласман на Светското првенство во Германија и Данска следната година.
– Премијата за пласман на Светското првенство во Германија и во Данска ќе биде 30.000 евра. Со оглед на тоа што секоја победа и секој бод е важен за нас премијата ќе се зголеми ако успееме да ги добиеме двете средби против Романија. За две победи ќе има уште дополнителни 10.000 евра. – изјави првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.
Прославениот македонски ракометар и член на Управниот одбор во РФМ, Наумче Мојсоски даде предлог еден македонски ракометен стручњак да биде дел од стручниот штаб на селекторот Раул Гонзалес.
Предлогот наиде на позитивни реакции и ништо чудно во баражот со Романија за СП во јуни месец на клупата или во стручниот штаб да има наш стручњак. Во минатот Данило Брестовац му помагаше на Ивица Обрван, а Илија Темелкоски на Лино Червар.
OhridNews