Ракометната федерација на Македонија им исплати премија од 30 000 евра на македонската женска репрезентација за пласманот на ЕП во Србија. Премијата од РФМ доаѓа во право време бидејќи до почетокот на континенталниот собир се раситнува последната недела.
Оваа информација ја потврди и директорот на репрезентација Гордана Нацева –
РФМ најде средства и успеа да ги подмири долговите кон ракометарките. Премијата ќе дополнителен штимунг за добра претстава на Македонија на ЕП во Србија.
Избраничките на Гино Стрезовски премиерата ќе ја имаат на 4 декември против Франција. Околу 2000 навивачи на “македонската фаланга“ ќе ја бодрат селекцијата на Македонија во салата “Чаир“ во Ниш.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com