Дваесет и петтата на светската тениска ранг-листа, Елена Рибакина (Казахстан) ја победи Викторија Азаренка со 7:6 и 6:3 во првото денешно полуфинале на Австралија опен.

Рибакина по втор пат стигна до финале на еден Грен слем турнир. Првото и беше на Вимблдон минатата година, каде што на крајот ја освои титулата.

Со пласманот во финалето, Рибакина може да напредува на ВТА-листата 15-ина позиции.

За титулата во Мелбурн, Рибакина ќе игра со победничката од мечот Магда Линет (Полска) или Арина Сабаленка (Белорусија). Овој дуел почнува во 11:45 часот.

OhridNews