„Рибари“ се страст, љубов кон сопствениот град, но пред се фамилија на илјадници искрени вљубеници во спортот и Охрид. Ова беше истакнато на синоќешната забава во кафе и бар “Шила“ со која навивачката група „Рибари“ од Охрид ја најавува големата прослава на 30-годишниот јубилеј што ќе се случи оваа есен.

На забавата покрај членови на навивачката група „Рибари“ од повеќе генерации, присуствуваа и претставници на ракометниот и фудбалскиот клуб Охрид и пријатели на спортот во градот. Славеничката атмосфера максимално ја вжешти бендот „Броз“ кој синоќа во „Шила“ имаше уште еден извонреден настап.

Навивачката група „Рибари“ е оформена во 1989 година откако претходно речиси две години постоеше како „Blue Ohrid Army – BOA“. Од тогаш до ден денес таа е неизбежен декор на трибините во Охрид и нашата земја.

OhridNews