Охридскиот фудбалски клуб започна со реконструкција на екипата, завршувајќи ја соработката со тројца фудбалери. Дел од „рибарите“ не се повеќе Бурхан Алији, Роберт Митев и Шериф Реџепи.

Алији и Митев кариерите ќе ги продолжат во кратовски Силекс, додека Реџепи моментално нема клупски ангажман но нема да има проблем бидејќи беше еден од најдобрите играчи на Охрид.

Клупската управа подготвува освежување на екипата но задржување на костурот кој донесе пласман во бараж натпреварот за Првата лига. За потсетување, „рибарите“ во баражот изгубија од Ренова која во 90-та минута се спаси од пораз, а потоа славеше на пенали.

Новата сезона во Втората лига се очекува да започне во втората половина од август месец.

OhridNews