Капитенот на Охрид 2004, Александар Велески ќе пропушти два натпревари од втората македонска фудбалска лига. Поради суспензија Велески ќе ги прескокне мечевите со Миравци на гостински терен и дуелот со Новаци на “Атина Бојаџи“.


Дефанзивецот на “рибарите“ во трилер победата над 4-3 Баби
, заработи жолт картон (петти сезонава) што автоматски следи еден меч пауза. Во финишот на натпреварот битолскиот судија Блажевски му покажа уште еден жолт, по што следуваше црвен картон и дополнителна суспензија од еден натпревар.

Охридските фудбалери в сабота со почеток во 13 часот ги очекува тешко гостување кај аспирантот за висок пласман екипата на Миравци. По тринаесет одиграни натпревари охриѓани со 12 бодови се наоѓаат на “среќната“ 13-та позиција додека Миравци е шести со 21 бод и заостанува два помалку од лидерот вп втората лига, Гостивар.

Мх.П.