Проиграј, ослободи се брзо, заврши, дај дај гол – беа дел од коментарите на тренинг мечот на охридските фудбалери во пресрет на дерби пресметката со Миравци во Струга.
Охриѓани силно ја посакуваат победата во мечот на кој ќе настапат без својата прва виолина Антонио Нически. Нически со три постигнати гола е најдобриот стрелец на тимот, тој го одлучи победникот во езерското дерби , а неговото остуство се осети на мечот со 11 Октомври кога охриѓани за прв пат сезонава не успеаа да ја погодат противничката мрежа.
Покрај Нически, Џајо поради суспензија нема да може да смета на Д.Клечкароски и Велевски, додека Џалески е повреден. Со намален интензитет тренираше и капитенот на тимот Клечкароски, кој се очекува да биде подготвен за дербито.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com