Без голови и без победник заврши дербито на дното во Тетово, помеѓу Тетекс и Охрид. Со ремито против “штофарите“, Охрид ја прекина серијата од седум порази во низа.

 
“Рибарите“ во последните пет минути од мечот останаа во искушение откако дефанзивецот Мартиновски заравоти втор жолт автоматски црвен.

Во наредната 29-та рунда “рибарите“ повторно ги очекува дерби на дното, овој пат на домашен терен го пречекуваат Хоризонт Турново. 

Мх.П.