Охриѓани одлично го започнаа мечот и уште во третата минута го отворија резулатот со погодокот на Меди од далечина.
Радоста на охриѓани по водечкиот погодок кратко траеше, грешката на потесната одбрана ја казни Маркоски и изедначи на 1-1.
До крајот на првиот дел прилепчани стигнаа до предност по кардинална грешка на охридскиот голман Трајаноски, а во гол ја претвори Николоски.
Во вториот дел охриѓани притиснаа, но неможеа да го најдат патот до мрежата на прилепскиот второлигаш.