Трета победа во низа на “рибарите“ и тоа без примен гол во својата мрежа. По Ринија, Еуромилк следен на ред беше Влазерими кој на “Билјанини Извори“ беше совладан со 2-0.


По дождот не искористени шанси во почетокот на натпреварот преку Клечкароски И, Китрозовски и Меди. Во 14-та минута искусниот Нически најдобро се снајде во казнетиот простор и го совлада Незири.

Во второто полувреме “рибарите“ фрлија све на една карта и продолжија да атакуваат тоа се исплатеше во 66-та минута кога ново влезениот Бакулески нафрли до капитенот Клечкароски, кој во манир на голем стрелец го матираше Незири.
 
Црна дамка на натпреварот остаде страотната повреда на раката на Гредоски во 75-та минута. “Рибарите“ го искористија правото на три измени и натпреварот го завршија со фудбалер помалку.

Мх.П.