Опстанокот на “рибарите“ во Втората македонска фудбалска е се понеизвесен. Охриѓани го претрпеа единаесетиот пораз на гостувањата, а во 21-та рунда од охридските бели поуспешна беше екипата на Еуромилк со 3-0.


По поразот од “млекарите“, охридските фудбалери се преселија на последното место на второлигашката табела со осум бодови заостанување од “сигурното“ 13-то место.

Наспроти нив тимот на Еуромилк каде настапуваат охриѓаните Наум Велјаноски, Дарко Иловски и Филип Митрески ја продолжија борбата со Гостивар, Скопје и Македонија ЃП за влез во елитното друштво.

Мх.П.