Во петтата рунда на “Атина Бојаџи“, фудбалерите на Охрид 2004 го пречекуваат новајлијата во второлигашкото друштво тимот на Врапчиште. Од клубот најуваат дека токму овие две рунди во кои двете Охрид ги игра на домашен терен се клучни за понатамошниот тек на сезоната.
– Овие два натпревари против Врапчиште и Еуромилк се многу важни, а бодовите уште поважни. Немаме премногу опции, мораме да одиме на триумф. Екипата е спремна да одигра максимално и да ја поправиме сликата која ја оставивме на почетокот од првенството – велат од клубот.
Мечот помеѓу Охрид и Врапчиште се игра в сабота со почеток од 15:30 часот.