Фудбалерите на Охрид 2004 до реми на тешкото гостување во Миравци ги делеше десет минути. Во 80-та минута со голот на Јаков домаќините го скршија охридскиот бедем и стигнаа до трите бода.
Миравци беше екипата која прва поведе со голот на Бучков. “Рибарите“ до крајот на првиот дел успеаја да го изедначат резултатот. По одличниот продор на Филип Митрески, полесниот дел од задача му остана на Љупчо Митрески кој затресе мрежата за егал.
Одбраната на охриѓани не го издржа притисокот и потклекна во финишот на мечот. За “рибарите“ ова деветти пораз, и тоа седми на гостински терен сезонава. По четиранаесет одиграни натпревари “белите“ со 12 бодови се сместени на 13-та позиција.
Во наредната 15-та рунда Охрид 2004 на домашен терен го пречекува тимот на Новаци.