Неколку стандардни првотимци не ги одработуваат вообичаените тренинзи ,
додека дел работат со намален интензитет поради стомачниот вирус кој деновиве
ги зафати фудбалерите на Охрид.


Голманот Карамачоски, играчот за врска Брадоњиќ, како и напаѓачот
Клечакароски, се меѓу неколкумината кои денот го минуваат в постела, наместо на
тренинг.

         – Затечени
сме од новонастанатата ситуација. Во текот на денот ќе бараме до органите на
ФФМ да ни биде одложен неделниот мечот против Шкендија, поради вирусот кој ги
покоски нашите фудбалери
– вели секретарот на клубот Милчо Ристески.

Не само фудбалерите туку и тренерскиот тандем Антиќ – Цветкоски кој работи
во клубот се жали на тегоби.

Охрид минатитот викенд го доднесе србинот
Драган Антиќ, кој неизвесно е дали ќе го има своето деби на мечот во Тетово,
или официјалната промоција ќе ја има наредниот викенд против Металург во Охрид.

М.П.