Во потесниот избор за најдобриот фудбалер кој игра во Европа а сезоната 2012/2013 влегоа Аргентинецот Лионел Меси од шпанска Барселона, Португалецот Кристиано Роналдо од шпански Реал Мадрид и Французинот Франк рибери од германски Баерн Минхен, објави во вторникот Европската фудбалска федерација УЕФА.

Тројцата наведени добиле најмногу гласови од новинарите во изборот во кој беа понудени десет имиња на фудбалери, а името на победникот ќе биде објавено на 29-ти август на свеченоста во Монте Карло.

Ова е трета година од доделувањето на најдобриот фудбалер во европските купови. Иницијативата за нејзиното воспоставување потекна од претседателот на УЕФА, поранешниот капитен на француската репрезентација, Мишел Платини.

Досегашни добитници беа Лионел Меси за сезоната 2010/2011 и Андрес Иниеста за сезоната 2011/2012, и двајцата од Барселона.

„Макфакс“