штотуку завршената сезона во Бундеслигата. Изборот го направи магазинот
Кикер, а Французинот добил 29,3 отсто од гласовите.
Рибери беше еден од клучните играчи на Баерн кој ја освои тројната круна во сезоната 2012/2013.
Францускиот репрезентативец, во Бундеслигата постигна 10 голови, а 15 пати успешно им асистирал на соиграчите.
Рибери е член на Баерн од 2007 година, во изминатите шест сезони за Баварците одиграл 156 натпревари на кои постигнал 53 голови.
Зад Рибери, според гласовите се најдоа Роберт Левандовски од Борусија
Дортмунд со 17,3 отсто од гласовите и неговиот соиграч Бастијан
Швајншатјгер кој освоил 12,4 отсто од гласовите.