Фудбалерот на Баерн Минхен, Френк Рибери е најдобар фудбалер на Европа. Тој во потесниот избор беше подобар од Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Рибери, „баварците“ ги предводеше до тројната круна минатата сезона освојувајќи титула во Лигата на Шампиони и Бундес лигата и сосема очекувано беше избран за најдобар меѓу најдобрите.

Роналдо одново го привлече вниманието на себе откако не се појави на церомонијата за прогласувањето на најдобриот играч.

Мх.П.