Спортски риболовци од повеќе земји од регионот денеска во Охрид ќе се натпреваруваат во подготвување чорба од риба. Натпреварот ќе се одржи пред х. Парк, а дегустацијата на чорбата ќе биде дел од програмата на отварањето на Саемот за туризам, што денеска започнува во Охрид. Посетителите на саемот ќе можат да вкусат и специјалитети од плашица што вчера ја уловија спортските риболовци во каналот Студенчишта.
Трите првопласирани чорби и сите специјалитети од плашица ќе бидат изложени во рамки на презентацијата на Македонската национална кујна.
Натпреварите во приготвување чорба и лов на риба, се дел од првиот Фестивал на плашицата, што го организраат спортските риболовци од Охрид. Организаторите во ноември најавуваат втор дел од фестивалот кој ќе се одржи кај каналот Студенчишта, каде покрај специјалитети од риба ќе бидат изложени и копии од стари чунови и рибарска опрема.
На 22052025 во 2341 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 45 годишно лице од охридското село Долно Лакочереј При извршена сообраќајна контрола,...
Во организација на Македонската квиз асоцијација во недела на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи завршниот Мастерс квиз за оваа сезона На веќе традиционалниот настан најдобр...
Опаѓањето на психолошкиот имунитет на младите и падот на емпатијата се едни од клучните фактори за зголемувањето на случаите на врсничкото насилство Потребна е поголема емоционална писменост, но и ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.