Рибочуварската служба на СРК„Пастрмка“-Струга и Државниот инспектор за земјоделство, по претходно добиени сознанија за поставени мрежи, вчера, извршија координирана акција со цел  спречување на  рибокрадството во река Црн Дрим.


Акцијата започна во раните утрински часови со пребарување на теренот од селото Враништа низводно до село Ташмаруништа. За време на целата акција беа пронајдени 6 мрежи, а еден рибокрадец беше фатен на лице место каде ја вади претходно поставената мрежа и против него ќе се поднесе прекршочна пријава.-информираат од СРК „Пастрмка“.


Од Државниот инспекторат за земјоделство и од  СРК„Пастрмка“-Струга, најавуваат дека заеднички контроли во иднина ќе  се интензивираат со цел да се спречи рибокрадството.

OhridNews