Вчера утро во 05,10 часот од страна на граничната полиција при вршење патролна дејност долж водената граница на Охридското езеро, бил затекнат пловен објект управуван од А.Д.(65) од Р.Албанија, кој нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов.
Од страна на полицијата со потврда одземени се пловниот објект, две дрвени весла, едно кепче, една пластична канта за гориво и 21 жила со по 6 блинкери.