Рибокрадци вооружени со двогледи го следат движењето на специјалниот брод на Хидробиолошкиот институт и на рибарите ангажирани за изведување на вештачкиот мрест на пастрмката, со цел да ги лоцираат местата на кои се мрести охридскиот ендем.

Но, неа ја има се помалку во местата каде вообичаено природно се мрести, а за половина е намален и изловот на пастрмка за потребите на вештачкиот мрест. Овие алармантни податоци ги изнесува Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт од Охрид во најновото издание на „Охридски разговори“ кое ексклузивно може да го погледнете на OhridNews.

OhridNews