Албанскиот фудбалски сојуз ригорозно ги санкционираше “тепачите“ на мечот од Супер Лигата помеѓу Поградец – Теута. Натпреварот им припадна на гостите со 2-1 откако главниот арбитар Вујтем покажа на белата точка во финишот од мечот.
Третото полувреме се случуваше во тунелот откако судиската тројка и гостински фудбалери беа нападнати од публиката и фудбалерите на домашната екипа.
Најдебелиот крај го извлече екипата на Поградец која до крајот на сезоната нема право на настап на стадионот “Ѓорги Кучуку“ и одземени им се три бода на табелата. Стрелецот на погодок на мечот со Теута, Хазири казнет е со шест натпревари поради напад на официјално лице додека Дражанин е санкциониран со четири мечеви откако заработи директен црвен картон.
Поградец своите мечеви како домаќин во преостанатиот дел од сезоната ќе ги игра во Корча.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com