Натпреварувачката комисија на Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ), формирана за следење на Куп натпреварите им изрече ригорозни казни на учесниците во финалето, екипите на Работнички и МЗТ Скопје-Аеродром.


Победникот во Купот, Работнички парично е казнет со вкупно 74 илјади денари и при тоа ќе мора да одигра три натпревари пред празни трибини. Три натпревари во празна сала ќе одиграат и кошаркарите на МЗТ Скопје-Аеродром, а вкупно клубот парично е казнет со 76 илјади денари.

Поради казната дербито помеѓу двете екипи кое на програмата е викендов ќе се одигра пред празни трибини.

Причината за ваквите ригорозни мерки на МКФ е хулиганското однесување на навивачките групи на двата тима за време на финалниот натпревар. Од Федерацијата се со став дека доколку во иднина и за најмал инцидент казните ќе бидат повторени.
 


Поради не спортското однесување МКФ казни и петмина кошаркари, четворица се од Работнички. Тони Симиќ ќе паузира на две средби и парични со 50 илјади денари. Енис Хаџибулиќ и Иван Саздов се казнети парично со по 25 илјади денари, додека Марко Докузовски е суспендиран на четири натпревари. Кошаркарот на МЗТ, Ненад Зивчевиќ заработи парична казна во износ од 25 илјади денари.  

“извор Макфакс“
Ohridnews